И ЈАС ЈА САКАМ - МАРИ ФОРС

Хантер, најстариот од десетте браќа и сестри Абот се гордее со својата способност да ги решава туѓите проблеми, ама што ќе направи кога „несреќата“ ќе тропне и на неговата врата? 





Хантер Абот, финансиски маг од прекрасниот Вермонт, самоуверено се грижи за деловните интереси на семејната фирма и со еднаква леснина ги држи невидливите узди на семејната слога.
Сепак, постои нешто што ни семоќниот Хантер не може да го заузда: своите чувства кон непредвидливата и тврдоглава Меган Кејн. 
Затоа ѝ се препушта на страста готов да ѝ покаже на сите начини дека токму тој е вистинскиот човек за неа. 
Но, Меган губејќи ги и на еден или на друг начин сите што ги сакала, цврсто си ветила самата дека љубовта веќе никогаш нема да ја измами ...