ЈОРГОВАНОТ СЕКОГАШ ЦВЕТА ПО ЗИМАТА - МАРТА ХОЛ КЕЛИ

Инспириран од животот на вистинската хероина од Втората светска војна, овој фален роман ни ја открива приказната за љубовта, заслужената прошка и страшните тајни кои со децении биле скриени.

Керолајн Феридеј е поранешна холивудска актерка и соработничка во францускиот конзулат во Њујорк чијшто живот засекогаш се променил кога војската на Хитлер влегла во Полска, а потем тргнала во Франција.

На другата страна на океанот полската тинејџерка Касја Кузмјерчик се повеќе се вплеткува како курир во тајното движење на отпорот. 

Во Германија младата лекарка Херта Оберхојзер се јавува на оглас за работа во државна институција - за да се најде заробена во светот на нацистичките тајни и моќ каде што доминираат мажите.



Животот на овие три жени ќе се реплете кога ќе се случи незамисливото и кога Касја ќе ја испратат во Равенсбрик, озогласениот начистички логор за жени. 

„Марта Хол Кели прикажа еден од најстрашните настани во историјата и го оживеа она што тие жени и многу други го претрпеле. Ќе бидете трогнати до солзи.“ 
                                                                                                                            - San Francisco Book Rewiev

„Длабоко потресна и незаборавна, оваа импресивна приказна сигурно ќе ги воодушеви љубителите на романсираната историја ...“
                                                                                                                             - Library Journal