ХИРУРГОТ - ТЕС ГЕРИТСЕН

Во овој врвен медицински трилер, Тес Геритсен соочува вистински растроен негативец со единствената жена што може да го спречи во намерата повторно да убие.  Ноќе, тој тивко влегува во спалните соби на своите жртви кои немаат претстава дека наскоро ќе се разбудат во вистински кошмар. 
Прецизноста на методите на убиецот зборува за неговото медицинско образование, поради што дневните весници во Бостон набрго му го даваат прекараот Хирург. 



Единствената трага што ја има полицијата е жртва на речиси идентично злосторство. Две години претходно д-р Кетрин Кордел се спротиставила и успеала да го убие напаѓачот  пред тој да го реализира својот план. Сега, овој нов убиец го повторува застрашувачки точно, сето она што го искусила Кордел. Со секое ново убиство, се чини како убиецот да ѝ се потсмева и да ѝ се приближува, од болницата каде што работи до нејзиниот дом.
Единствената надеж ја добива од Томас Мур, детективот што го води случајот. Но, дури и тој не може да ја заштити Кордел од генијалниот злосторник кој на одреден начин ги разбира и најсуптилните стравови на секоја жена што ја убива и ужива во истите. 

„Приказна која истовремено згрозува и дава надеж. Неодоливо патување!“
                                                                                                                                 - Ајрис Јохансен