ЕДНА НИШКА - ТРЕЈСИ ШЕВАЛИЕ

Трогателна приказна за жена која во предвечерието на Втората светска војна доаѓа во град со надеж дека ќе се избори за своето право на среќа.
Година 1932. Откако Големата војна ѝ ги зема и саканиот брат и свршеникот, Вајолет Спидвел станува „вишок жена“, припадничка на генерацијата осудена на безбрачност поради големата загуба на мажи во војната. Сепак, таа не може да се помири со идејата дека целиот живот ќе ѝ се сведе на грижа за ожалостената и огорчена мајка.

Откако заштедува доволно да се пресели во Винчестер, домот на една од најубавите англиски катедрали, Вајолет влегува во друштво на везилки – жени кои везат перничиња за катедралата и на тој начин ја продолжуваат повеќевековната традиција.
Таму наоѓа поддршка и заедништво, работата ја исполнува, па дури и се спријателува со темпераментната Гилда. Но, кога животните сили ќе ѝ ја загрозат новостекнатата независност, а на хоризонтот се појавува и нова војна, Вајолет ќе мора да се бори за местото кое како на жена не ѝ припаѓа.


Топла, живописна и прекрасно обликувана, Една нишка е безвременска приказна за пријателството, за љубовта и за жените кои самите си ја кројат својата судбина, и ја потврдува Трејси Шевалие како една од најдобрите современи писателки на врвот на своето творештво.
 
„Прозата на Трејси Шевалие е блескава и драгоцена како добро одржувано сребро.“
Entertainment Weekly
 
Трејси Шевалие има уникатна дарба да го оживее секојдневието на минатото.“
Elle