ЖОНГЛЕР - ЗОРАНА ШУЛЦ


Во тој свет на волци кои без милост се јадат едни со други, жонглира едно несакано суштество. Со празно срце, а со полни џебови, тоа гази сè пред себе, лишено од емоции и кога убива и пука и кога... Судбината сепак го сопира овој вешт жонглер и тој прави грешка, соочен со тивкиот противник – жената во сенка.

Јазикот со кој се служи Зорана е толку автентичен, што јас се прашувам со кого таа се дружи... а мислам дека знам сè за неа? Жонглер е приказна од која ќе ве полазат морници, ќе ве заболи стомакот, но нема да ве пушти сè додека не ја прочитате докрај.



Зорана Шулц не престанува да ја изненадува читателската публика. Иако после првите два романи „Вкусот на гревот“ и „Запри срце“ ја ставивме во еротска литература, со овој роман таа се качи скалило повисоко. 
Авторката е длабоко навлезена во психологијата, но Ерос, и понатаму го владее нејзиниот свет.