КРАДЕЦ НА КАФЕ - ТОМ ХИЛЕНБРЕНД

Во 1683 година Европа е преплавена со нова напивка. Кафе. Насекаде е барана, но монополот е во рацете на Османлиското царство. Еден млад Англичанец смислил план коако да ги земе тие скапоцени зрна...
Европејците долго време имале презрив однос кон тој пагански буламач и повеќе сакале да пијат пиво. Дури кон крајот на XVII век, лондонските филозофи, амстердамските трговци со зачини и париските поети се собираат по кафеаните за да уживаат во таа егзотична напивка.
Прекрасни описи на боите, мирисите и звуците на Амстердам, Лондон и Мока, со нивните улички, кафеани, печатници, книжарници. Чудесни и раскошни слики во букви и зборови.
Историски роман, со многу факти и податоци, прекрасна нарација и волшебна фикција.