ДОЛГА ЛЕТНА НОЌ - КЕРИ ЕЛКС

И, навистина, ништо друго не беше важно.
Минатото беше вовед, а иднината ненапишана.
Не можеа да бараат повеќе од тоа.




Ческа Шекспир го допре дното. Откако пред шест години напишала театарска пиеса која доживеала голем успех, ја изгубила инспирацијата и сега не успева да задржи ниту една работа. Кога добива понуда да го помине летото во Италија, верува дека тоа ќе биде одлична можност најпосле да напише нов хит. 
Кога холивудскиот заводник Сем Карлтон ќе ги види насловите со своето име во жолтиот печат, само сака да побегне од се. Затоа се пакува и заминува во Италија решен да го помине летото во семејната куќа на езерото Комо. Меѓутоа, кога ќе стигне во вилата, сфаќа дека не е толку празна како што се надеваше. Во текот на жешкото лето, напнатото пријателство набрзина прераснува во силна привлечност, а потоа во жешка пламена страст. Но, Сем и Ческа не можат вечно да се кријат од реалноста ...
Додека нивните различни светови се судираат, тие се соочуваат со изборот - дали нивната љубов е само летна романса или би можела да ја преживее и најстудената зима?