ВЕТИ ЌЕ МЕ САКАШ - ИВАНА НАСКОВА

Станува збор за роман со исклучително потресна приказна која е лекција дека животот понекогаш не дава втора шанса.

                 
                  
Што кога ќе ја загубиш љубовта на својот живот?
                  
Што кога ќе завршиш во брак без љубов?

Како продолжуваш да бидеш среќен кога животот упорно ти задава тешки удари?
Емоции, солзи, љубов и потресна приказна која нема да ве остави рамнодушни.

Можете ли да замислите како во еден миг имате се, а веќе во наредниот цел живот ви се руши ко кула од карти? 
Се започна од тој женски кармин на неговата кошула, а се заврши со таа облечена во невестински фустан кажувајќи му ДА на погрешен човек.

Што понатаму? Дали постои можност за втора шанса?



Еднаш во животот сакаме така силно и до крај. Еднаш во животот се предаваме така некому со цело срце и душа. Една љубов е нашата вистинска љубов и ако животот ни даде шанса ќе бидеме со таа личност засекогаш.
 
Но животот не дава секогаш втора шанса.