КАКО ДА ГО ЗАПРЕШ ВРЕМЕТО - МЕТ ХЕЈГ

Том Хазард штотуку се врати во Лондон, неговиот стар дом, за да се вдоми и стане наставник по историја во основно училиште. Но, на првиот училишен ден запознава занесна наставничка по француски јазик, која изгледа како да  е фасцинирана од него.  Сепак, Том крие опасна тајна. Тој можеби изгледа како обичен 41-годишник, ама поради ретката состојба од која страда, тој е жив со векови. Ја одживеал историја, настапувал со Шекспир, истражувал на отворени мориња со капетан Кук, и делел коктели со Фитцџералд. Сега мечтае само за обичен живот. Но, за жал организацијата „Албатрос“ , тајното друштво што ги штити луѓето како него, има едно правило - никогаш да не се вљубат.
И додека болните сеќавања од неговото минато  и непредвидливото однесување на внимателниот водач на друштвото, се закануваат да му го уништата животот и сета романтика, единственото нешто што не смее да го има, може да го спаси. И Том ќе мора еднаш засекогаш да реши дали ќе остане во минатото или на крај ќе почне да живее во сегашноста. 



„Како да го запреш времето“ - зборува за една љубов низ вековите и за вековите, но, и за човекот загубен во времето. Раскажува за една жена која може да го спаси, и за животите кои можеби е потребно да ги одживееме за да научиме како да живееме. 

Ова  е величенствен, див и оригинален роман за загубата и за пронаоѓањето на самиот себе, за неизбежноста од промена и за тоа како ако имаме доволно време за учење, можеби можеме да ја најдеме среќата.