МИЛИОН КАПКИ - ВИКТОР ДЕЛ АРБОЛ

Гонсало Хил е рамнодушен човек заглавен во неуспешна кариера и несреќен брак, кој постојано се обидува да ги избегне манипулациите на дедо му, моќен и сеприсутен адвокат. Но, многу нешта ќе ја урнат оваа едноличност на неговиот живот. 
Откако многу години не слушнал ни збор за сестра му, Гонсало добива страшни вести дека Лаура се самоубила во страшни околности. 

И нејзината смрт ќе ја разниша тенката нишка што ја одржува рамнотежата во неговиот живот, како сопруг и како татко. Испитувајќи го решително секој чекор што довел до нејзината смрт, Гонсало открива дека Лаура е осомничена за убиство на руски гангстер кој и го киднапирал ѝ убил детето. 



                                                   

И она што навидум се чини како одмазда, е само почеток на измачувачката патека што ќе го поведе Гонсало низ нераскажаните анали на неговото семејство. 
Тој ќе ја открие зашеметувачката приказна за татко му, Елијас Хил, голем херој на антифашистичкиот отпор. Како млад инжинер, заминал во СССР, посветен на идеалите на Револуцијата, ама таму бил предаден и протеран на озогласениот и застрашувачки остров Назино. Постепено, тој се претвора во клучна фигура, лик достоен за восхит, но и човек кој предизвикува огромен страв за време на најмрачните години на  Шпанија.  


Величествена приказна за дадените идеали, за еден живот што го проголтала незамислива судбина и за длабоката и неповторлива љубов проткаена со одмазда. Силен и топол трилер што патува без здив низ европската историја.



 

Наслов на оргиналот: Un millón de gotas