ПАПАТА ЈОВАНА - ДОНА ВУЛФОЛК КРОС


Овој роман е базиран врз животот на една мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната како Папата Јована. Таа е една од најконтраверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж застанува на чело на Христијанската Црква и во XIX век станува прва и единствена жена која ќе седне на пресветиот папски трон во црквата Св. Петар во Ватикан.
Извонредно талентираната Јована е бунтовник. Нејзината бунтовност е насочена кон средновековните опшествени структури и догми кои на жената и забранувале да чита и пишува. 
Кога нејзиниот брат ќе биде убиен, Јована ја презема неговата наметка и неговиот идентитет и заминува во манастирот Фулда каде е примена во редовите на братството. Позната под името Џон Англикус стигнува во Рим каде се заплеткува во опасна мрежа на љубов, страст и политика. 






Триумфално успева да ги преживее сите ужаси и да застане на најголемиот трон на Христијанството.

Папата Јована е сеопфатна историска драма насочена кон турбулентните настани кои го карактеризираа XIX век.

Човек што е осуден да се стреми кон нешто што не може да го има, за себе ги избира најстрмните и најтешките патеки, но сепак стигнува до целта. А Јована и фактот што е женско во раниот среден век е само симболика и претстава за пречките за нејзин успех и претстава како невозможното станува возможно.

Оваа мистерија се обиделе да ја обелоденат многу автори кои пишувале за папата Јована, образована, амбициозна и успешна жена, која живеела претставувајќи се како маж во манастири во Англија, и подоцна во Ватикан.


Наслов на оригиналот : Pope Joan

Цена: 650 ден.

*Книгата е достапна во книжарниците на Клуб Матица