СЕКОЈ АНГЕЛ Е СТРАШЕН - СУЗАНА ТАМАРО

Автобиографски роман на познатата италијанска писателка која за наслов на своето разоткривање ги избрала стиховите на „Девинските елегии“ на Рилке.

„ ... Што е убавината
ако не самиот почеток на страшното што
сме подготвени да го поднесеме, па толку
му се восхитуваме само затоа што со невнимателност презир не сака
да не разори.
Секој ангел е страшен ... “



                                                  


Подготвена да проговори за она најинтимното, вистински и без какво било криење, Сузана Тамаро ја почнува својата автобиографија од онаа бурна ноќ кога се родила, изложена на злокобниот источен ветар како и сите нејзини предци, на ветрот кој неуморно дува и остава пустош и празнина зад себе.

Пред сите нас се открива еден живот, целиот исткаен од страв и трепет, од насобрани прашања што никој не ги слуша. Тоа е приказна за тешко детство без родителска љубов и внимание, за скитањата и потрагате, за ненајдејното откривање на талентот, потрагата за вистината и  патувањето во длабочината на човековото срце.



Наслов на оригиналот: Ogni angelo è tremendo

Цена: 220 ден.

*Книгата е достапна во книжарниците на Клуб Матица.