БУНТОВНА КРАЛИЦА - МИШЕЛ МОРАН

Индија, 19 век.
Во времето на британската колонизација, Индија се состоела од низа мали кралства кои често меѓусебно војувале. Иако англиската влада очекувала слаб отпор, господарката на едно од тие кралства - Јанси, кралицата Лакшми Баи, повела храбра побуна против моќното Британско Кралство.


                                        

Раскажан од перспектива на Сита, една од личните чуварки и пријателки на кралицата, романот го опишува комотниот живот во дворецот на кралството на Јанси, но, и тешкото секојдневие на индиските жени.
Иако од висока каста , семејството на Сита не можело да собере доволно мираз. Додека нејзината баба била со идеја да ја одведат во храмот како проститутка, нејзиниот татко одлучил да ја научи англиски и како и да војува. 
Во кралскиот дворец Сита ја пронаоѓа својата слобода и можноста за напредување, го открива значењето на пријателството и предавството, поради што ќе мора да утвдри кому и за што може да верува.


„Првокласен историски роман што се чита во еден здив, со сликовит и отмен стил.“ - The Boston Globe

                                                    


Наслов на оригиналот: REBEL QUEEN
Број на страници : 375

Цена: 370 ден.

*Книгата е достапна во книжарниците на Клуб Матица.