БИСЕРНАТА СЕСТРА - ЛУСИНДА РАЈЛИ

БИСЕРНАТА СЕСТРА Е ЧЕТВРТАТА КНИГА ОД СЕРИЈАЛОТ ЗА СЕДУМТЕ СЕСТРИ

Кеке (Келено), никогаш и никаде не се вклопува. По смртта на нејзиниот татко, милјадерот Тате Солт, доаѓа на животна раскрсница. Го напушта уметничкиот колеџ и гледа како нејзината сакана сестра Ѕвезда се оддалечува од неа, наоѓа љубов и ја остава сосема сама.



Во очајот решава да избега од Англија и да го открие своето минато.
Единствените траги кои ги има се една црно-бела фотографија и името на една австралиска пионерка што живеела пред сто години. На пат за Сиднеј, Кеке оди на единственото место каде што отсекогаш се чувствувала добро - на волшебната плажа Краби на Тајланд. Таму, меѓу турустите што патуваат низ светот го запознава мистериозниот Ејс, човек осамен исто како неа, а дознава дека и тој крие голема тајна. Кога Кеке најпосле ќе стигне во жешките и правливи црвени рамнини на централна Автралија, почнува да го бара своето минато. Енергијата на тие краишта и древната култура на Абориџините повторно го будат во неа творечкиот импулс.
Покрај луѓето што ги запознава на патувањето, Кеке почнува да верува дека тој простран, див континент може да и даде нешто што таа сметала дека е невозможно: чувство на припаѓање и дом.


„Ова е како одење на фантастичен книжевен годишен одмор - волшебна мистериозна тура на надежта и соништата ... 
Местата на дејството се впечатливи, описите се исклучителни, а приказната е испреплетена со нишки во ткаењето на времето и историјата.“

Шестотини страници читателско уживање!

Наслов на оригиналот: The Pearl Sister
Број на страници : 592

Цена: 650 ден.

*Книгата е достапна во книжарниците на Клуб Матица.