ПРЕДЛОГ ПЕТ НОВИ КНИГИ ЗА НА ПЛАЖА

Кога плажата е тивка и звукот на брановите што се уриваарт врз брегот е најдобрата музика, ви препорачуваме само една активност - читање. 
Без разлика дали ќе се одлучите за драма, трилер или лесно читлив љубовен роман, читањето на плажа со часови, е момент на задоволство кој не можете да си го дозволите во текот на работните денови.

Предлог книги од Клуб Матица:

1. МАСКАТА ОД ВЕНЕЦИЈА - РОЗАЛИНД ЛЕЈКЕР

Од авторката на „На бал со кралот“ и „Златното лале“, интересна историска приказна за Мариета и Елена, две силни жени низ чии животни стории го согледуваме животот во ренесансна Италија.
Убедливо драматична, исполнета со романса и неверојатни заговори, приказна за интригите, измамата, болката, љубовта, копнежот и среќните краеви.



2. ДЕВОЈКИТЕ ОД ПЛАТНАТА - КЕЈТИ MЕРИ БЈУКЕНАН

Возбудлив роман за париското златно време на убавината и бонвиваните, апсинтот, разузданите забави и љубовните авантури, на уметниците и на нивните модели.
Но, зад позлатените кулиси на париската Опера, се крие свет на сиромаштијата и гладот, зависта, љубомората и амбицијата.

Приказна за празните чашки и осамените срца, прекршените ветувања и страдањето, желбата за успех и врските кои не држат заедно.



3. ЗАБРАНЕТА ЉУБОВ - РЕБЕКА ДАН

Џесика Харт никогаш не го заборави Метју Ленгли.   Тој беше нејзина прва љубов и наставник по математика, но, нивната забранета врска заврши со скандал.
Седумнаесет години подоцна, нова средба раѓа стара болка.
Прогонство, болка, љубов, насмевки, среќа...емотивно до срж.
Неизвесно со многу пресврти...до последната страница.



4. ДВА СВЕТА - РУМИ 

Избор и превод: Tихомир Јанчовски.

Џелалудин Мохамед Руми (1207-1273). Персиски филозоф, поет, правник, учител и суфист. Еден од најголемите поети и мислители на сите времиња. Неговата тема всушност е самиот живот, со сите негови противречности, во сета негова разновидност и изобилие. 
И во денешниов свет, цели 811 години по неговото раѓање, Руми веројатно е најчитаниот поет на Земјината топка. (текст од задната корица).

„Товарот е темелот на леснотијата,
а болката претходник на задоволството“.


#РумиНаМакедонски
 ДВ 

5.КУЌА НА УБАВИНАТА - МЕЛБА ЕСКОБАР

„Куќа на убавината“ - е еден но и многу романи. Трилер, мистерија, авантура, драма ...
Урбана приказна и безвременска новела.

Карен е козметичарка од Картагена која се сели во Богота во потрага по подобар живот. Таа ќе добие работа во престижниот  козметички салон „Ла каса де ла белеза“, и случајно станува клучна з арешавање на убиствотот на една од нејзините клиентки.

 

Ви посакуваме убаво лето и многу прочитани книги.

Поврзани блог статии