МАСКАТА ОД ВЕНЕЦИЈА - РОЗАЛИНД ЛЕЈКЕР

Убедливо драматична, исполнета со романса и неверојатни заговори, приказна за интригите, измамата, болката, љубовта, копнежот и среќните краеви.

Несреќните пријателства и долготрајните одмаздници оживуваат против раскошот и декаденцијата на Венеција  од 18 век.
Во 1775 год. во Венеција - кај странците позната ккао „борделите на Европа“, традицијата на носење маски овозможила да процветаат прељубата и развратот.
Мариета и Елена, две пријателки од домот за сирачиња - Опседале дела Пјета, малку знаат за тој живот, с
ѐ додека не станат возрасни.
Елена е принудена да се венча со главата на кланот Челано, брутален човек, додека Мариета се мажи за Доменико Торизи, чија што семејна одмазда со Челанови е вековна.
Според традицијата пријателките не треба повторно да зборуваат, но нивната врска е премногу силна.



Користејќи го сјајот и предавството на градот што го портретира, Маската од Венеција ќе ве држи будни во ноќта.


Наслов на оригиналот: The Venetian Mask
Број на страници : 560

Цена: 750 ден.

*Книгата е достапна во Паркот на книгите (Матица ексклузив).