ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ДВА СВЕТА“ - РУМИ

На ваше големо задоволство, ве известуваме дека во недела (10 јуни 2018 год.), во Сули Ан (Факултет за ликовни уметности), ќе се одржи промоцијата на книгата „Два света“ од Џелалудин Мохамед РУМИ.
Избор и превод: Tихомир Јанчовски.





За книгата ќе зборуваат: Тихомир Јанчовски и Фахредин Шеху
Стихови ќе читаат: Зоран Тортевски и Тихомир Јанчовски
Музички илустрации: Иво и Пеце од Пекинезери

Издавач: Матица Македонска





Џелалудин Мохамед Руми (1207-1273). Персиски филозоф, поет, правник, учител и суфист. Еден од најголемите поети и мислители на сите времиња. Неговата тема всушност е самиот живот, со сите негови противречности, во сета негова разновидност и изобилие. 
И во денешниов свет, цели 811 години по неговото раѓање, Руми веројатно е најчитаниот поет на Земјината топка. (текст од задната корица).



 

Будењето на црвот

Еве како човек може да се промени:
Постои црв навикнат да јаде
лозов лист.
Одненадеж, тој се буди,
наречете го тоа милост, или како и да е, 
значи нешто го буди, 
и тој веќе не е црв. 
Тој е сето лозје, 
исто и овоштарник, плодови, стебла,
мудрост што расте и радост
на која не ѝ е потребно
да грицка и гнете.


Руми, “Два света“, Матица, Скопје, 2018
Превод: Тихомир Јанчовски


Фотографии: Tихомир Јанчовски