Клуб на читатели - „Кукларот“ - Јустејн Гордер

На ден 15.02.2018 год. во 18 часот, во просториите на Матица Ексклузив се одржа Клуб на читатели, каде беше дискутирана книгата „Кукларот" од норвешкиот философ и интелектуалец  Јустејн Гордер.



 
Гордер во неговите дела често користи метафикција и конструира приказни во приказна. Како филозоф и интелектуалец во своите книги најчесто ги поставува прашањата за постоењето, универзумот, човештвото, љубовта, но сето тоа многу суптилно го пренесува низ нарацијата. 
„Кукларот“ не е никаков исклучок од тоа.




„Книга за осаменоста“, „Книга за човечката природна потреба за припадност“, „Добар избор на книга за дискусија“, „Несекојдневно четиво“  - беа дел од коментарите на членовите на Клубот, кои во една пријатна атмосфера уживаа  во дискусијата.




Допуштете му на Гордер, да ве поведе во едно поинакво и интересно читачко искуство.



*Книгата може да се најде на сите продажни места на клуб Матица.          
                                 
 

Поврзани блог статии