Промоција на „Совршениот странец“ - Ивана Наскова

На ден 15.11.2017 год. (среда), на Булеварот на книгите, беше одржана промоцијата на книгата на Ивана Наскова насловена како „Совршениот странец“.

Настанот беше во склоп со акцијата „Да за книга 13-18 ноември“, во која издавачката куќа Матица, понуди голем број на наслови по неверојатно ниски цени.

Ивана на јавноста и е позната како телевизиска и радиоводителка, и стенд- ап комичарка. 
„Совршениот странец“ е нејзино прво дело.



Вечерта присуствуваа огромен број на пријатели, роднини, соработници, како и фанови на авторката. 
За опуштената атмосфера беше задолжена Емилија Наскова со прекрасната музика, како и Винарија „Сковин“ кои беа спонзори на настанот. Промоцијата ја водеа: Зорица Николовска и претставник од издавачката куќа Матица - Елизабета Поповска. Авторката одржа краток и интересен говор со израз на благодарност и прочита дел од својата книга.



На Ивана и посакуваме уште многу вакви волшебни моменти и успеси!

*Книгата може да се најде во сите продажни места на Клуб Матица!


 

Галерија