Промоција на збирката поезија „Spes est spina“ - Тања Кармзова Костиглиола

Во просториите на книжарата „Матица Екслузив“ - вчера, 04.11.2017 год. се одржа промоцијата на третата збрка поезија на Тања Кармзова - Костиглиола, насловена како „Spes est spina“ - Трнот е во надежта.

Првата збирка авторката ја објавила во 2007 год. -  „Распетие на душата“, а минатата година ја објавува книгата „Кутија со солзи“.
Веќе девет години поетесата живее во Париз, Франција, заедно со сопругот и синот, каде работи на превод на своите дела на француски јазик.



Во една убава атмосфера промоцијата ја водеше: Проф. Д-р. Ана Витанова - Рингачева, a дел од стиховите на Тања ги читаа: Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Мариета Дукиќ и Ѓорѓи Калајџиев.
Соња Стаменковска одржа краток говор по повод 26 годишнината од постоењето на издавачката куќа „Матица Македонска“.
Беа присутни голем број гости и пријатели на Тања, како и претставници на Француската Амбасада во Македонија.



Беше чест и задоволство присустувањето на овој магичен настан. Се радуваме на новата средба со авторката и ѝ посакуваме уште многу дела и успеси!

*Книгата може да се најде во сите продажни места на Клуб Матица.
 

Галерија