За таа - Ксенија Николова

За таа која никој не смее да ја погледне, за се' се лутам и сите ми се виновни...
За таа за која сите другари ми зборуваат, да бегам од неа ми велат, дека е невојла, лоша, најлоша...
За таа за која немам храброст на никој да признаам, дека ми е светот мој, дека ја сакам како кукавица најголема, ја немам, а на друг не ја давам...
За таа која знае како да ми го размрда цел живот за една секунда...
За таа која никогаш нема да ми биде ништо повеќе од илузија, а во мислите е мајка на моите три деца...
За таа која никој не смее да ми ја допре во срцето, тргне од умот...
За таа, за таа на која никогаш нема да и' кажам што чувствувам...
За таа е ова се'. 



Не е за мојата девојка.
Не е за мојата идна жена и прошетките кои ги имаме пред очите на сите.
Не е ништо за она што со очи може да види. 
Се' е за таа.
Срце на маж се краде еднаш, а во дупката која ќе остане од истото може да се смести било која нова, да носи крв низ телото на својот љубен, да го оживее, да се лаже дека тоа е љубов.
А тој секоја ноќ пред да заспие, гушкајќи ја, ќе се бори со сликата која упорно ќе му се појавува пред очите...
Како јас што ја бркам неа секоја ноќ од себеси...
„Тргни ми се од мислите, дај ми да се заљубам во жената со која спијам“, си велам.

Поврзани блог статии