„Годините кога научив да летам“- Евгениј Хоуп, промоција во Куманово

Вчера, 28 јуни 2017 год. во кафе - бар „Министерство“ во Куманово, се одржа промоцијата на книгата „Годините кога научив да летам“ на нашиот авантуристички патник, автостоперски номад и автор на „Парада на марионетките“ - Евгениј Хоуп.

Книгата ја имаше својата промоција во Скопје на 22 jуни 2017 на Булевар на книгите, каде беа распродадени сите достапни примероци.




Што е тоа дом? Што значи да се биде вдомен? Прашања што ќе го натераат дваесет и петгодишниот Михаил да се впушти во една животоменлива потрага, која започнува откако на едно од неговите автостоп патувања ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден од нивниот заеднички престој, девојката исчезнува, како никогаш и да не постоела. Барањето на нејзиното присуство завршува со наоѓање на едно книжуле со неколку скинати страници, посветено на некаков утопистички остров.



За огромната посетеност на промоцијата, опуштената атмосфера, забавата, насмевките, позитивната енергија, љубезноста на персоналот, посветеноста на издавачката куќа Матица, ентузијазмот на Милош и за целата среќа што струеше во воздухот, секој збор е излишен. Треба само да се доживее!

Големо браво за Кумановци!



Повторна средба со авторот,  денес 29 јуни 2017 од 19 часот во Матица Ексклузив, Скопје.

Во продолжение галерија од настанот.

*Книгите на Евгениј Хоуп можат да се купат во сите продажни метса на Клуб Матица.

 

Галерија

Поврзани блог статии