„Во сенката на кафезот“ - Ангелина Станојоска, промоција во Скопје

На 15.06.2017 год. со почеток во 19:00 часот во  Matica Exclusive, се одржа промоцијата на првиот роман на Ангелина Станојоска - „Во сенката на кафезот“.
Во родниот крај на авторката, Битола, романот ја имаше својата промоција на 18.05.2017 во 
 Porta Jazz.



Ангелија Станојоска по професија е криминалист и доцент на Правниот факултет при Универзитетот  „Климент Охридки“ во Битола.

„Во сенката на кафезот“ е криминалистички роман преку чии страници учиме за загубата и болката на група млади полициски службеници, кои гонејќи го убиецот низ мрачните, тесни улички, учат дека минатото секогаш се враќа за да ја донесе својата сметка и дека на истото никогаш не можеме да му побегнеме. Тоа е роман за тајните кои секогаш се сокриени во најтемниот поглед на милите, пријателски очи.



Во друштво на голем број пријатели и роднини, присутните уживаа во една пријатна атмосфера.
Во интересна интеракција со публиката, беа доловени главните црти на самиот роман и читани делови од приказната која осѕава без здив.

На Ангелина и посакуваме уште многу дела и понатамошни лични и професионални успеси!



*Книгата може да се најде во сите продажни места на Клуб Матица.

Галерија

Поврзани блог статии