Промоција на книгата „Прeвртена љубов“ - Дора Попова

На 17.05.2017 год. со почеток во 19 часот во просториите на  Matica Exclusive  се одржа промоцијата на романот „Превртена љубов“ на Dora Popova -  психолог, социотерапевт и основач на Центарот за применета психологија “Дора“.



Под слоганот „Писател за писател" промоцијата ја отвори младата авторка Vera Kalinn, а трибината ја водеше Бојана Стојменовиќ.


























Во една магична атмосфера, во присуство на голем број гости, на еден неконвенционален начин,
исполнет со метафори и надвор од границите на класичната психологија, поразговараме за она скриеното во секој од нас, за она од каде што извираат сите наши желби и соништа, за она што лесно се ранува, како и за она што не ни дозволува да ѝ се покориме на љубовта до крај.




Романот „Превртена љубов“ е приказна за лажните соништа на човековото его кое, мечтаејќи за освојување на недостижното, остава длабоки лузни и празнина во човековата душа. Приказна за силата на гневот, за неверството и интригите на една млада жена во чијашто заднина се наоѓа нејзиниот копнеж за љубов. И токму кога излезот од темнината не се гледа никаде, при неочекуваната средба со смртта, се наѕира првиот зрак светлина...




На Дора
ѝ посакуваме успех со својата прва книга и уште многу вакви прекрасни дела!

Во продолжение галерија на настанот.
Copyright: MM Production.

https://www.facebook.com/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%81%D0%B8%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%94%D0%BE%D1%80%D0%B0Center-for-Applied-Psychology-Dora-883832158302609/?pnref=lhc

*Книгата може да се купи во сите продажни места на клуб Матица.

Галерија