Мојата среќа има свој (твој) идентитет - Јован Илиески

Јас знам како се справувам со тебе. На другите те објаснувам со насмевка. Кога ќе ме прашаат за љубовта, само се насмевнувам. А сите знаат дека тоа е една насмевка и ништо повеќе. Ама мојата насмевка го носи твоето име.


                           

Мојата среќа има свој (твој) идентитет. И мојата уметност во моите соништа и реалност се твоите букви измешани од името твое и пловат некаде додека не ги најде некој, да ме праша чии букви се. Јас ќе кажам дека тие се нечии букви, знаејќи дека се твои.

А тие се мојата насмевка. А ќе ги средам, тогаш кога ќе се средам јас самиот. Дотогаш ќе се смеам и ќе знам дека тоа е поради твоите букви кои го прават хаосот во мене. Дотогаш ќе те објаснувам со насмевка. Дотогаш, ќе се смеам и ќе знам да се надевам, но реалноста е дека никогаш нема да ми се скроти дивоста по тебе, затоа што во оваа пустина во која си ги вклопуваме душите, јас сум дождот, а ти грмотевицата.

 
 

Поврзани блог статии