Сакам да се смеам - Ксенија Николова

Сакам да се фокусирам на својата убавина.

Сакам да ги носам омилените парчиња и да мирисам на ванила.

Сакам да оставам мистерија секаде каде што ќе одам и сакам да недостигам кога ќе ме нема.

Сакам да постојам и да се забележува дека сум била некаде.



Сакам да се фокусирам на себеси и на својот ум.

Сакам да растам и да си простувам, помалку да зборувам и повеќе да слушам.

Сакам да престанам да бидам она што не сум и конечно да се претворам во она што знам дека сум.

Непознатото во мене сакам да исчезне, сакам да влезам повторно во својата кожа.

Сакам да го живеам мојот прекрасен живот и да ги заборавам годините кога заборавав да го правам тоа.

Сакам да ги преболам сите болки и да им простам на сите.

Сакам да се смеам!



*Книгите на Ксенија Николова: „Идиотски приказни" и „Макар уште еднаш"  може да ги најдете во сите продажни места на Матица.

 

Поврзани блог статии