Автостоперски емигрант II - Евгениј Хоуп

Сѐ е во ред. Слободно може да влезеш.

Сметам дека имам добро испраксирана интуиција. Ранецот, задно со вреќата за спиење ги оставив на задното седиште. еш“.Покривајќи го сатарот со нив, додека бејзбол палката ја заглавив меѓу седиштето. Личната безбедност секогаш на прво место. Стуткан седев на предното седиште со плетени ракавици. Имав пат од 240 километри.

„Дојдов на некое глупаво судење во Ниш. Но адвокатот ме заеба“, прозборе човекот со скрама околу левото подзатворено око. Само што сакаше да продолжи му заѕвони мобилниот. Едвај се гледаше менито на смарт телефонот од мрснотијата што се беше наталожила на екранот. Се слушаше сериозен женски глас. На почетокот бев збунет како течеше разговорот. Беа споменати неколку странски имиња. Гласот на возачот, кој не го откри своето име, звучеше смирено. Помислив дека е макро. Во истиот миг ја отфрлив помислата. Со самосвесен израз ја покани вечерта да дојде кај него на слава. Разговорот беше завршен.

Човекот  беше голем љубител на кучиња. Дома има неколку ердел териери, кои ги носи на изложби во Србија и странство.

„Овој вид териери потекнуваат од Ердел, област која се наоѓа во Јоркшир, Англија. Инаку, традиционално се наречени „Крал на териерите“, правејќи пауза, се надоврза на разговорот. „Ќе може ли од акт – чантата да го извадиш таблетот. Имам слики од моите кучиња па да ти ги покажам“.

Го сторив тоа. Следуваше интересна комбинација од возење автомобил и прикажување стотици слики од неговите кучиња. Додека со една рака го управуваше воланот, со другата ги менуваше фотографиите. Беше самоуверен. Воопшто не му беше гајле дали ќе направи некој прекршок. Ќе се судри со некое друго превозно средство или во најстрашен случај ќе излета од автопатот.

„Утрово возејќи накај Ниш, качив поп. Кутриот, стопираше. Каков гаден народ сме. Никој не сакаше да го качи. Сите си мислеа дека е некој богаташ, кој проповедува христијанство од забава. А тоа да ти биде млад монах со еден куп реликвии по џебовите. Престојува во некој манастир триесетина километри од Белград. Кога пред малку те видов тебе, заклучив дека е некој Божји знак и треба да го следам. Секогаш си велам, кога можам, зошто да нѐ помогнам. Најчудно од сѐ е што денеска е мојата домашна слава. Нека е за арно“, раскажуваше религиозниот човек, чија животна професија беше авионски техничар.  Имаше живеено во различни држави, меѓу кои и Македонија. Во младите години емигрирал во Лондон, Англија. Продавал музички инструменти во дуќан под неговиот скромен стан во близина на Националната портретна галерија. Познато ми беше дека тоа е најстарата галерија со портрети на историски важни и истакнати Британци. Додаде дека галеријата е отворена уште во 1856 година, а во 1896 година е префрлена веднаш до Трафалгарскиот плоштад, во продолжение на Националната галерија. На времето бил посветен музичар. Свирел гитара и пеел во неколку бендови. Не сакаше да ги открие нивните имиња. За неколку месеци оди во пензија. Конечно ќе може да живее релаксиран живот, без стресови. И да одгледува растенија во новиот стакленик што го изградил пред пола година. Последните години од животот ги поминал во Дубаи, еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати. Најатрактивната туристичка дестинација со себе носи страници и страници доживувања од животот на човекот кој својот животен век го посветил на аеродроми и авиони насекаде низ светот. Го разглобуваше својот живот на составни делови.  Додека возеше, ги крена рацете од воланот, пеејќи го хитот од 1982 година Voli te tvoja zver од поранешниот југословенски бенд од Белград, Divlji Anđeli. Преживеавме.

        IMG_20141031_160939    10306311_602309283213542_7988001121550579023_n

 

Иако требаше да бидам оставен кај патарината пред Белград, на крај човекот со скрама околу левото подзатворено око ме остави пред влезот на Саемот на книгата. Не планирав денеска да се вмешам во книжевниот свет за кој специјално стопирав од Македонија. Меѓутоа, моите пријателе беа таму. Не сакав да ги чекам некаде во центарот на градот, затоа купив билет и станав дел од книжевениот настан, кој траеше до 26 октомври до 2 ноември. Годинешниот слоган гласеше Време е за книга, пренесувајќи им на читателите дека секогаш е вистинско време за книга и универзални вредности. Настанот беше пропратен со 476 директни издавачи, од кои 72 беа од странство. Современата светска и домашна издавачка продукција, промовирање нови наслови, средби со писатели беа само дел од овој книжевен настан, најголем на Балканот. Почесен гостин на 59. Меѓународен саем на книга во Белград беше Кина. На нивниот штанд, сместен во централното место во халата 2а, пред читателската публика беше претставена богата книжевна и издавачка продукција што оваа држава ја има зад себе. Се најдов со Андреј и Јанко, моите пријатели и студенти на општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Движењето низ толпата луѓе ми беше отежнато, поради тешкиот ранец и вреќата за спиење. Неколку пати се заглавив помеѓу љубопитните посетители, турнав книги од штандот на Дерета. Цело време се чувствував како полжав. Сакав својот подвижен дом да го оставам некаде на мирување и слободно да лебдам низ халите. Огромниот избор на книги ме збунуваше. Не можев да се одлучам кој штанд прво да посетам и која книга да купам.

CAM01552-1~2

Имав можност на штандот на стрип – издавачот Весели четврак лично да се запознам со Марчело. Недела дена пред да дојдам во Белград правев интервју со него за Утрински весник, поврзано со книга-албумот Напнато шоу, која неодамна излезе од печат во издание на Лагуна. Долгоочекуван книжевно-музички проект, кој е многу повеќе од тоа, доживеа голем успех во регионот. Писателот и музичарот од Белград, Марко Шелиќ-Марчело на своите читатели им откри дека собрал толкав број на луѓе со цел да навлезат во она домашното овде и сега, на сосема спротивен начин од што е прикажано по медиумите.

„Не сме тука да шминкаме, туку да „отшминкуваме“, не сме тука да кукаме туку да промислуваме. Не само роботски да испукуваме пресуди и готови заклучоци, туку на сето тоа да му дадеме човечки облик и сопствено лице. Напнато шоу во извесна смисла претставува реалити емисија – за разлика од вообичаената програма, не служи да го одвлече вниманието од стварноста туку да ја прикаже каква е таа“, разглобуваше Марчело за неговиот најнов проект.


 (продолжува со „Автостоперски емигрант III“)

* Во прилог и „
Автостоперски емигрант I"

* Книгата „Парада на марионетките" на Евгениј Хоуп може да се најде во сите продажни места на Матица
 

Поврзани блог статии