Нескротена дивoст -Томе Тасевски

     Навидум секојдневна, а сепак, приказна исполнета со многу емоции ...


Приказната од „Дива привлечност“ ја доживуа својата кулминација во новиот роман на Томе Тасевски
„Нескротена Дивост". Оние што ја прочитале првата книга несомнено ќе уживаат во ова кратко парче фикција за универзалната вистина - љубовта.




Вонземската страст, пресилната привлечност и несекојдневнта љубов меѓу Ејми и главниот лик не оставаат рамнодушен ниту еден читател. 

Едноставно прекрасно, делото зборува само за себе.  Четиво кое не потсетува зошто коњот, мажот и жената се тоа што се ...


„Зборовите и речениците што ги чукаа моите прсти по тастатурата ги овековечуваа сликите што ги имав врежано длабоко внатре во мојот ум. Не можев да се сопрам себеси. Пишував и пишував… на моменти, ќе застанев да прочитам некој пасус за да видам всушност што сум напишал. Кога го читав текстот сѐ се превртуваше во мојот стомак. Срцето ми биеше, телото ми трепереше, грлото ме стегаше, плунката ми ја снемуваше, ме обливаше пот … беше сѐ исто – како да го преживувам повторно истиот тој филм. Го чувствував целиот тој адреналин од почеток … и повторно … и повторно… "

                                                                                                                                        - Tоме Тасевски
 


„Со нетрпение чекав да стигне во моите раце за да дознаам во кој правец ќе продолжи љубовта од Дива Привлечност. Додека ја читав Нескротена Дивост, се се превртуваше во мене. Срцето ми биеше, телото ми трепереше, грлото ме стегаше, плунката ми ја снемуваше, ме облеваше пот... На крај градите ми се стегнаа од чувство на тага, а солзите неконтролирано протекоа..."
Генијален си Tome Tasevski! Честитки и за продолжетокот од твојата неверојатна приказна! 

                                                                                                     -
Пале Стојанова (читател)

                             

                                                      http://www.wildaffection.com/?lang=mk


* „Дива привлечност“ и „Нескротена Дивост" по цена од 100 и 180 денари, можете да ги најдете во продажните места на Матица.

Подготвил: Катерина Здравевскa