Почетна
Блог
За нас
Нашиот тим
Мисија
Опис
Контакт
ЗБОРУВАЈ МИ - АНА БУНТЕСКА
23.02.2017
Поезија
Зборувај ми без ред, без концепт во глава
зборувај ми бесмислици
раскажи ми приказна-заспивалка
или подобро, опиши ми го небото
облаците како врват по него
з
а птиците и дождот
еве, за дождовните капки зборувај ми
испружи го јазикот
кажи ми каков вкус имаат
но не, не отворај чадор
чадорите секогаш ја уништуваат магијата
Зборувај ми за асфалтот кој ги впил нашите чекори
за ќошот од старата куќа
онаа во која тагата си ја закопав
раскажи ми го најчудниот сон кој си го сонил
нека е на долго и широко
или кажи ми каков си бил како дете
дали уште бараш чудовишта под креветот
ги чуваш ли оловните војници во подрум
зборувај ми за звукот на смеата што во глава ти звони
но не, не зборувај ми лаги
лагите секогаш ја уништуваат магијата
Зборувај ми за звукот на лисјата кои паѓаат
како ми шушка фустанот дур се обмотувам околу тебе
дали на прсти ти тежи отпечатокот од моите усни
зборувај ми за имињата за нашите чеда
кои никогаш нема да ги родам
за староста која нема заедно да ја дочекаме
за оваа болна љубов која наскоро ќе не’ раздели
зборувај ми за себе без мене
за мене, каква ќе сум без тебе
но не, не зборувај ми со солзи во очите
солзите секогаш ја уништуваат магијата
Зборувај ми
дур не заспијам шепоти ми
дур во сонот раката не ти ја пуштам
дур сите зборови во тебе не умрат
дур во мене корења не пуштат
дур телово не се смири
дур душава со ќепенци не ја затворам
дур ми врескаат клеткиве по тебе
дур срцево ми чука небаре знае дека заминуваш
само зборувај ми
тивко
полека
со милост
зборувај ми
анабунтеска
,
поезија
,
ставилајкнасопствениотживот
,
колкуепотребнозасреќа
,
среќа
,
љубов
,
матица
,
зборувајми
,
Поврзани блог статии
Роденден - Ана Бунтеска
ДА МИ Е ДА ЗНАМ - АНА БУНТЕСКА
Категории
Роман
Трилер
Класична литература
Книги за деца
Бизнис
Филозофија
Нова категорија
Историја
Психологија
Драма
Разно
Убавина и здравје
Мода
Религија
Поезија
Речници
Промоција
Потпишување
Раскази
Забава
Забава
Боенки за возрасни
Популарни статии
МАЈСТОРИ НА УСПЕХОТ
05.02.2017
Види ги сите популарни блог статии
Последни статии
5 КНИГИ ЗА САМО 299 ДЕНАРИ
04.02.2019
5 + 5 КНИГИ = 255 ДЕНАРИ
01.02.2019
СЕСТРА НА МЕСЕЧИНАТА - ЛУСИНДА РАЈЛИ
23.01.2019
Види ги сите нови блог статии
Архива
2019
Февруари
Јануари
2018
Декември
Ноември
Август
Јули
Јуни
Maj
Април
Март
Февруари
2017
Декември
Ноември
Октомври
Септември
Август
Јули
Јуни
Maj
Април
Март
Февруари
Јануари
2016
Декември