САМО ЕДНО Е ВАЖНО - ГАРИ КЕЛЕР И ЏЕЈ ПАПАСАН

Гари Келер - еден од највлијателните лидери во светот на недвижнини и Џеј Папасан - главен уредник и потпреседател на Недвижнини Келер - Вилијамс, заедно ни ја откриваат едноставната тајна на врвни резултати во бестселерот „Само едно е важно". 



Велат, потребни се 66 дена. Само 66 дена за да се создаде нова навика. Вистинска. Да се биде најдобар, да се постигнат најдобри резултати, да се живее животот наголемо. 
Само 66 дена за достигнувањето да не биде само дејство, да биде навика која си ја исковал во животот.

Успехот не се бара, туку се зауздува моќта на избраната дисциплина со која се гради вистинската навика, па исклучителните резултати ќе те најдат. 
За 66 дена.


ШЕСТ ЛАГИ КОИ ВЕ СПРЕЧУВААТ ДА УСПЕЕТЕ: 

1. Сè е подеднакво важно

2. Мултитаскинг

3. Дисциплиниран живот

4. Цврста волја по слободна волја 

5. Достигнување животна рамнотежа

6. Страв од големото. 


Овие шест лажни уверувања едноставно ни се вовлекуваат во глава и стануваат оперативни принципи кои нè наведуваат на погрешен пат. Тоа се автопати кои завршуваат во грмушки. Злато за будали заради кое не ја забележуваме златната жила. За да ги искористиме сите можности до максимум, прво мораме засекогаш да раскрстиме со овие лаги.



 
 Заради фактот што лесно наседнуваме на многу бесмислици, тешко ни е да се определиме само за ЕДНО – а често токму тие „бесмислици“ ни го заматуваат резонирањето, нè доведуваат во заблуда и нè попречуваат на патот до успехот.

Животот е прекраток за да живееме во облаци.

А премногу е скапоцен за да се потпираме на среќа.

Вистинските решенија кои ги бараме речиси секогаш ни се пред нос ; 


За точно 66 дена.
Успехот станува избор, последица и реалност!


Галерија

Поврзани блог статии