ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ЌЕРКИТЕ НА СУДБИНАТА

Запознајте ги Елизабет, Кејтлин и Амбер, ќерките на  Вилијам Мелвил, наследнички на најексклузивните модна династија во светот.
Убави и богати, разгалени и упорни, млади и решителни, тие се предмет на завист од сите.
Но, секоја девојка крие мрачна тајна, која се заканува да го уништи нивното семејство.

                               

Паметната и амбициозна Елизабет, знае како да манипулира со секој човек со кој се среќава, освен со оној најбитниот - нејзиниот татко. Нејзината највисока цел - да стане главен управител на семејната фирма, наследничка на својот угледен татко. Поддршката од својот чичко и баба и, играат голема улога во исполнување на нејзините желби.

Нежната и наивна Кејтлин е  вонбрачно дете на Вилијам Мелвил. Таа се бори да се вклопи во еден за неа необичен свет а притоа да си остане  верна на себеси. Потискајќи ја тагата за својата почината мајка и носталгијата по родната Ирска, таа влегува со полна пареа во модниот свет како успешна и уникатна креаторка.

Суетната и разгалената Амбер, на која слабост и се лошите момчиња, дрогата и забавите, навлегува во мрачниот свет на расипништвото и со последните сили се бори да најде излез од него. Нејзината успешна манекенска кариера, тргнува по надолна линија откако медиумите објавуваат компромитирачки слики од неа.
Семејството ги презема потребните мерки за нејзина рехабилитација.

Секоја од нив се соочуваа со тежок избор, кој ќе ги однесе во различни насоки. Но, како старите рани  се појавуваат и се закануваат да ги урнат основите на империјата Мелвил, нивните патеки ќе се вкрстат повторно.

Едноставната вистина е дека, без разлика колку далеку може да  се оди, не може да се избега од семејството.



https://www.youtube.com/watch?v=QIiNx0qc1dQ


*Книгата може да се најде на сите продажни места на Матица.

Поврзани блог статии