МАЈСТОРИ НА УСПЕХОТ

Најпосле дочекав. Излезе библијата, ѕвездата водилка на мојот живот, ремек делото - „ Мајстори на успехот “ на македонски. Луѓе, ова е книга што ќе ви ја врати желбата, амбицијата, среќата во вашиот живот. Темното секојдневие е тука, околу нас. На работа, дома, друштво, во самотијата.
Чекорев по најстрмниот пат во животот. Потклекнував на почетокот, бидејќи немаше кој да ми покаже како. Премногу жртви, потценувања, сопки, приватно и професионално.
Стани, падни. Апатија. Се додека не ми ја подарија бесценетава книга.
                                       


Почнав да ја читам, однапред осудувајќи ја како уште една од многуте книги - нема лоша книга но ... И, шок!
Ми ги отвори очите, умот, срцето. Од само уништувачка деструктивна состојба полека, влегував во емоционално креативна состојба. И се се смени на подобро. На најдобро. Секојдневието и порано беше тема. И сега е. Но, со трансформацијата во себе по читањето на оваа книга, го гледам без страв, со верба, среќна, секогаш насмеана.


                               Темно е ако дозволите да биде.
                               Дајте светлина да зрачи во вас, околу вас.
                               Ја имате на дофат.
                               Прочитајте ја и применете ја мудроста.
                               Ќе се воодушевите.


П.С. Прифаќам предизвик! - Конструктивна дебата за и против. Но знам, (помалку претециозно звучи) однапред сум победник. 


Подготвил: Дијана Спасовска