ЧИТАЊЕ КНИГА ПО ВТОР ПАТ

Истражувањата покажуваат дека читањето на добра книга по втор пат е целосно ново искуство и доживување, бидејќи повторното читање како и повторното гледање на ист филм, води кон поголемо емоционално поврзување со содржината и ликовите. 
При првото читање на книга или при првото гледање на филм, луѓето се фокусираат на настаните и текот на приказната, додека повторното искуство овозможува концентрација на сите чувства кон содржината и уживањето во неа. 
Иако сме веќе запознаени со фабулата и местото на настаните, приказната уште повеќе ја доживуваме со второто читање, објаснува Кристел Антонија Расел, од Њујоршкиот Универзитет.

Истиот ефект може да се забележи и кај познатите, традиционални, летни дестинации и зошто секогаш сакаме да им се вратиме, бидејќи со секоја нова посета се сумираат чувствата кон местото и искуствата што таму сме ги доживеале.
Поради ова луѓето не треба да се двоумат, дали повторно треба да прочитаат книга или да го гледаат веќе виденото, бидејќи ако првиот пат уживале, вториот пат ќе уживаат уште повеќе.

Скриени бенефиции од читањето на иста книга по втор пат:

1. Поголема  е веројатноста да се потсетите на битни информации
2. Информациите траат подолго
3. Moжете да ги доловите нештата кои првиот пат несакајќи сте ги испуштиле
4. Повторното читање ве мотивира да преземете акција за исполнување на некој ваша цел
 
Читањето по втор пат на една иста книга содржи толку многу скриени бенефиции, подалеку од она што е споменато погоре.


Подготвил: Дејан Павлески

Галерија