ФАКТУРА - ЈОНАС КАЛШОН

Што ќе сторите ако еден ден во поштенското сандаче најдете фактура? И на неа стои висока сума што треба да ја платите за нешто што не сте го користеле?
Meѓународниот бестселер „Фактура'' од Јонас Калшон претставува едно искрено истражување на трошоците на животот и љубовта, како и важноста на малите нешта. Едно поинакво согледување на вистинската природа на среќата и  нејзината цена. 
Животот на главниот лик се врти околу неговата работа со скратено работно време во видео продавница, во друштво на неколку скапоцени пријатели, и дневна рутина што завршува со пица и филм во неговиот мал стан во Стокхолм.
Кога ќе прими астрономска фактура од национална бирократска агенција, ќе настане неверојатно лудило со многу јавувања на дежурната линија на агенцијата каде  ќе пробува да дознае зошто баш тој добил таква безумна цена.

Колку  чини среќата доживеана во детството, младоста и секојдневниот живот? 
Евтино ли е да се биде жив?
Ќе одите ли да ја платите сумата колкава и да е таа?

Јонас Калшон уште еднаш докажа дека е мајстор на забавни, провокативни и несекојдневни четива.
 

Галерија