Марија Лозаноска - 27.01.2017

Во рамките на зимскиот саем на книга „Книга во секој дом" кoj клуб Матица традиционално го организира веќе седумнаесет години, на 27.01.2017 со почеток во 18 часот на Булеварот на книгите, започна една убава дружба со реномираната млада авторка Марија Лозаноска.
После промоцијата на нејзинот втор роман „Другата " која се одржа во декември 2016 год. ова е прва позначајна средба со нејзините обожаватели. Марија неуморно потпишуваше книги и раговараше со присутните на најразлични теми.
https://www.facebook.com/AtanasPrchev/videos/o.1859126877697844/10207968167428874/?type=2&theater

„Другата“ е роман за нељубовта кон себе и што е потребно за таа посакувана самодоверба да се стекне во време на материјалното. Во „Другата“ има љубов која никогаш не е дозволена и која ќе ја дозволат само читателите.
Преку ликот на Ненси обработена е комплексана опшествена тема за борбата меѓу ниската класа и благородништвото во една метропола како што е Лондон.
Авторката освен со пишување, се занимава со рачна изработка на накит, а инспирацијата ја црпи најмногу од нејзините романи.
https://www.facebook.com/lozanoskaracnaizrabotka/?pnref=lhc

До следната средба и посакуваме на Марија:многу успеси, насмевки и инспирација!

 https://www.facebook.com/drugatakniga/?pnref=story



 

Галерија