Роденден - Ана Бунтеска

Незаборавната роденденска забава на реномираната поетеса Ана Бунтеска се одржа на Булеварот на книгите на 23.01.2017 од 18 часот во рамките на традиционалниот зимски саем кој клуб Матица веќе по 17 - ти пат го подготвува.
Во присуство на голем број на нејзини обожаватели, блиски и пријатели, Ана го прослави роденденот во една прекрасна атмосфера, потпишувајќи ги своите книги: „Стави лајк на сопствениот живот" и „Колку е потребно за среќа." 
Со вино и торта, убави желби и насмевки, многу подарени и купени книги заокруживме еден момент кој веруваме вечно ќе живее во сеќавањата на поетесата. 

„колку е потребно за да ти игра срцето
и очите со смеа да ти се наполнат
колку е потребно да му се насмееш на денот
та да си читаш навечер кога тивко е
и со книжулето под перница да спиеш...“


 https://www.facebook.com/AtanasPrchev/videos/o.1859126877697844/10207932472696528/?type=2&theater

Галерија