ПРЕПОРАКА

 
Декември. Ладно. Долго време одбивав електронска комуникација затоа што преферирам очи во очи. Но, единствен начин да го споделам моето задоволство со сите пријатели е на овој начин. Живееме во време кога умот е опколен со безумие на секое поле од нашето живеење. Социјално, општествено, професионално, приватно.Треба многу сила да успееш да го сочуваш разумот, заштитиш емоциите, и да имаш разбирање и насмевка за сите околу себе. Јас се уште успевам да го применувам ова. Не е лесно, но имам извор на сила кој е неисцрпен. Ова сакав да го споделам со вас.
Книги. Кога ме боли душата за да ми потечат солзи, чувствувајќи се осамена, иако многу луѓе се околу мене, секогаш се навраќам на безвременското дело ЌЕРКАТА НА РУМИ . Историски роман каде учиме дека љубовта и разбирањето се секаде. Само треба да ги .видиш, не со очите,туку со срцето.Низ годиниве,спомените,радосни или тажни, од кои се срамам, или пак на кои сум горда, ги носам во себе, и секако, се​ нераскинлив дел од мене. .Вообичаено,има мигови,кога поканети или не навираат, и заживуваат,за да бидат вреднувани, или заборавени. Но, секако не дефинираат кои сме. Некогаш лесно поминуваме, ги ставаме на страна за следниот пат. А ,понекогаш едноставно морам да се соочам со нив,за да можам да продолжам понатаму. Научив како, го добив одговорот во романот ГРАДИНАТА НА ВЕЧЕРНИТЕ МАГЛИ. Патем јас ја насловив,  духовна јога, на мене делува како ментална вежба чија крајна цел е чистина на умот.
Ова е само минијатурен дел од она што од се срце сакам да го споделам со вас.
За мене ова е препорака на мојот начин на преживување.
 
 
Подготвил: Дијана Спасовска