ЗОШТО Е ДОБРО ДА ПОДАРИТЕ КНИГА

- Затоа што моментот го сместувате во рамките на незаборавот.
- ​Секоја книга е единствена, а посветите и пораките на корицата се трајни и во иднина ќе евоцирате спомени за драги луѓе и неповторливи мигови.
- Освен книга подарувате и внимание, грижа, љубов.
 
 
" Книгите се сјаен подарок затоа што во нив постојат цели светови, а многу е поевтино да се купи книга него целиот свет "
                                -  Neil Gaiman   



Предностите на купувањето книга

- Може да се купи на секого и за секаква пригода
- Уникатен подарок кој бавно се троши
- Финансиски се достапни
- Визуелно се привлечни


Три ситуации кога треба да внимавате при изборот на книга

1. Доколку не ја познавате доволно личноста на која и подарувате 
 (Во овој случај бидете вниметлни при изборот на тематиката)
2. Доколку подарувате книга на страстен читач
 (Потребно е да вложите голем труд за да изберете книга што не му е прочитана)
3. Не смеете да го занемарите изгледот на книгата, издавачот и јазикот на кој е напишана


" Книгите се одличен подарок затоа што нештото што го сакате можете да го делите "
                                                               - John Lithgow


Подготвил: Катерина Здравевска

 

Галерија