Петтемина браќа Данбар живеат во совршен хаос, во куќа во која нема возрасни - се тепаат, се сакаат, тагуваат. Таткото што ги напушти одамна, штотуку се вратил во домот. И, има неочекувано барање: кој сака да изгради мост заедно со него?
Дали може да се избега од љубовта?Дали може да се сокрие тајната на срцето?Дали вреди да се ризикува и да се сака безусловно?
Додека заздравува од неодамнешниот развод Џина Белами одеднаш мора да открие како да живее сама.Решена да тргне од почеток со својот верен 'рт од азилот за кучиња - Џина знае дека ја чекаат драстични промени.