Зошто? - Kсенија Николова

Ех, да можеше да се направи тоа така, да сретнеш некого и да му речеш: „А бе разбуди се, ова еднаш се случува во животот, нема да ме сретнеш повторно, не биди скржава на срце!“Да можеше, ама не може.

Прочитај повеќе

Мигови самотија - Јован Илиески

Во бела соба сум. Осамена, веќе недели. Луѓе не поминуваат, не ја отвораат вратата. Одамна не сум видела лика на човек, да помине или да влезе во таа бела соба. Јас, откако сум таму, ниту доктор видов, ниту некаква сестра во бела мантија - затоа што знаев дека сум во она место каде што работаат докторите, но не ќе да е болница.

Прочитај повеќе

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ - KСЕНИЈА НИКОЛОВА

Денот кога одлучив да премолчувам беше ист како и сите други денови. Одлучив тивко и бев сигурна во својата одлука. Си ветив себеси дека веќе никогаш нема да ја отворам мојата голема уста за да кажам уште една голема вистина, бидејќи на овој свет последно нешто што му е потребно е уште една голема вистина.

Прочитај повеќе